Постои стратегија од 5 точки за успешно справување со гревот и искушението. Спроведувањето на овој план на дело е уште еден начин да му се даде првото место на Бога во вашиот живот!
1. РАЗБЕРИ ДЕКА БОГ ТЕ ГЛЕДА КАКО СОВРШЕН, СВЕТ И БЕЗГРЕШЕН преку делото на Исус Христос. (Прочитај ја 2 Коринтјаните 5:21.) Многу пати вината и срамот се најуништувачките последици на гревот. Разбирањето дека нема осудување за оние во Христа, без разлика на гревот, е суштинско за победа. (Римјаните 8:1).
2 Коринтјаните 5:21
Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.
Римјаните 8:1
И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос.
2. ИСПОВЕДАЈ ГИ СВОИТЕ ГРЕВОВИ. (Читај I Јован 1:9.) Исповедувањето на нашите гревови значи признавање на оние гревови прво во нашите срца и умови, и потоа нивното признавање на Бога. Исповедувањето на нашите гревови неопходно не значи дека треба да ги објавиме на другите. Исповедувањето е помеѓу тебе и Бога.
I Јован 1:9
Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
3. БИДИ ОДГОВОРЕН (Прочитај го Јаков 5:16.) Да се најде близок христијански другар од доверба, свештеник или член на семејството во кои можеш да се довериш е корисен начин да покажеш одговорност и молитвена подршка во твојата борба.
Јаков 5:16
Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
4. ИЗБЕГНИ ГИ ИЗВОРИТЕ НА ИСКУШЕНИЕ. (Прочитај го Јаков 1:13-15.) Ова е најнапорната точка да се спроведе, и потребни се креативна мисла и планирање. Вистината е дека ако можеш да го избегнеш искушението, можеш да го избегнеш и гревот.
Јаков 1:13-15
Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата похота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.4,17; Рим 5,12; 6,Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 4,17; Рим 5,12; 6,Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 4,17; Рим 5,12; 6,Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 4,17; Рим 5,12; 6,Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.
Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе.
Няма коментари:
Публикуване на коментар