Translate

Бог ви го даде првото место во Неговото срце

 Што би помислил ако некој ти каже дека Бог те гледа како никогаш да не си грешел? Всушност, поради искупувањето на Исус на крстот, токму на тој начин Бог и те гледа. Како христијани, нам ни е простено, ние сме прочистени и слободни!
Тоа значи, ти си светец: таков кој има придобиено специјално место на правдата во Христа. Ти си совршен, свет и безгрешен во очите на Бога. Тој те нарекува свое дете, наследник на Неговото изобилство и Негов пријател.
„Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина“. – 1 Петар 2:9

Вистинското разбирање на тоа како Бог нè гледа нас започнува со тоа како ние го гледаме Него. Бог не нè гледа од далечина само исчекувајќи да направиме грешка за да нè казни. Ништо не е подалеку од вистината.
Размисли за она што го кажува овој стих:
„А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; кои не се родија од крв, ниту по желба на телото, ниту од похот машка, туку од Бога“. – Јован 1:12-13

Господ секој од нас го гледа како Свое бесценето дете. Тој е Татко полн со љубов давајќи ни милост и грижа од Неговото бескрајно сочувство. Некои од стиховите од Песната на Соломон го прикажуваат неверојатниот интензитет на Божјата љубов кон нас споредувајќи ја со интимната љубов помеѓу сопруг и сопруга. Евреите 11:6 ни кажува дека Бог ги наградува оние кои Го бараат.
Бог ги гледа секое од Неговите Деца на еден сосема различен начин отколку што повеќето од нас се гледаме самите себеси. Разбирањето како Бог нè гледа секој од нас е втемелено во делото кое Христос го започна во нашите животи во моментот кога го примивме спасението.
„И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото“. II Коринтјаните 5:17
„Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја“. II Коринтјаните 5:21

Ова ново создание е божествено дело на Бога; целосна трансформација на нашата духовна состојба и внатрешна личност. Тој целосно ни прости и нè прочисти од нашиот грев - минат, сегашен и иден. Ние сме во вистинска врска со Него.
„Колку е Исток далеку од Запад, толку Тој ги оддалечува од нас нашите беззаконија“. Псалм 103: 12

Ние сме Божји луѓе претставени пред Него без најмала дамка од грев; вистински како што Неговата праведност преку работата која Исус ја стори на крстот. Бог навистина ни даде прво место во Неговото срце!

Няма коментари:

Публикуване на коментар